CodEx Computers

Грешка
  • JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 934

ЗДРАВСТВО (6)

ЗДРАВСТВО

 

Овој модул е наменет за институции кои се занимаваат со  анализа на мостри од храна, вода, предмети и козметика и издаваат сертификати за истите. Модулот овозможува евидентирање на мостри, анализи, решенија и фактурирање спрема клиентите кои ги нарачале анализите. Овозможува брзо и лесно евидентирање и користење на податоците за понатамошни статистички извештаи.  

 

 

Сoфтвер за кoнтрпла на вoда, храна, предмети и кoзметички прoизвoди е пoделен вo пoвеќе целини или мoдули кoи се надoврзуваат за секoј чекoр вo рабoтата сo мoстрата и тoа :

  •      Прием и преглед на мoстри

  •      Кoнтрпла на внес

  •      Анализа на мoстра

  •      Стручнo мислење

  •      Печатење

  •      Фактурирање

Освен главните целини во апликацијата се наоѓаат преку 20 шифрарници за евиденција и внесување на потребните податоци како : предефинирани мислења, водоснабдителни објекти, типови на налози, законски прописи, партнери, предефинирани текстови за квалитет и многу други.
Во делот на статистиките постојат голем број на прегледи поделени по типот на мострата како на пример следниве неколку примери :

  •      Испитани мостри по анализи за класи на вода,

  •      Микробиолошка исправност на вода,

  •      Исправност на мостри по производи за одбрана анализа (увоз/домашно/промет),

  •      Исправност на мострите по материјали,

  •      Преглед на параметри по работни единици,

  •      Многу други.

     

 храна и вода спецификација

 


Published in ЗДРАВСТВО
Written by
Read more...

Апликативен пакет наменет за  микробиолошки и биохемиски  испитувања, овозможува евидентирање на примероци за испитувања,издавање на резултати и фактурирање . Овозможува брзо и лесно евидентирање и користење на податоците за понатамошни статистички извештаи.

 


Published in ЗДРАВСТВО
Written by
Read more...

 

 Овој информационен систем претставува одговор на потребите за евидентирање на податоците кои произлегуваат од работата во самите единки во една здравствена  установа (амбуланти, сервисни одделенија и стационари), како и консолидација и обработка на истите со цел брзо и ефикасно добивање информации за целокупното работење на институцијата . Во дизајнирањето и изградбата на системот беа вклучени стручни лица  од областа на медицината, со цел да се добие систем кој во потполност ќе ги покрива процесите кои се одвиваат во самите здравствени институции. Целта на овој апликативен пакет е да овозможи комплетна евиденција на здравствените досиеа на пациентите и флесксибилен и брз пристап до податоците од истите, како и евиденција и следење на работењето на здравствената организација од сите аспекти

Опис и функционалности на софтверот

Системот е составен од неколку целини – модули, кои се интегрирани во еден пакет.
  •      Модул за прием на пациенти

  •      Модул за амбулантско работење

  •      Модул за болничко стационарно лекување

  •      Модул за сервисни оддели (лабораторија и кабинети за дијагностика)

  •      Модул за креирање  и издавање медицинска документација

  •      Модул за пресметки и фактурирање     

  •      Модул за генерирање извештаи и статистички податоци

  •      Модул за прием и издавање на лекови и мед. Потрошен материјал по оддели (депо за  лекови)

  •      Модул за закажување на термини

МАКМЕДИКА спецификација
 

 

Published in ЗДРАВСТВО
Written by
Read more...

 

Prima DENT е апликација прилагодена за работа во организациите од дејноста на примарната здравствена заштита. Апликативниот софтвер Prima DENT во целост ги задоволува потребите на примарната здравствена заштита во стоматологија што значи: водење на картотека, прием на пациенти, комплетна евиденција на извршените прегледи и интервенции (услуги, дијагнози, терапии, упати, ...), издавање рецепти, евиденција на закажувања, пресметка за капитација, реализација на цели, огромен број извештаи потребни пред Фондот за здравствена заштита, и многу други можности.

 

Апликацијата ги задоволува потребите за добивање на сигурна и добро управувана околина во која се овозможува пристап и пребарување на податоци во најширок можен домен, обработки кои даваат корисни информации и претставуваат основа за понатамошни обработки , статистички анализи, итн.

Изработениот кориснички интерфејс обезбедува лесна навигација низ системот, прегледност на податоците со што се обезбедува едноставна и пријатна работа на корисникот.

Официјална веб страна prima-dent.codex.mk


Published in ЗДРАВСТВО
Written by
Read more...

 

PrimaFARM претставува  нов  апликативен пакет наменет за евидентирање на малопродажба  во  Аптеките.

Главна цел при креирањето на овој продукт беше да се добие систем кој ќе биде лесно управлив, ќе ги опфаќа сите потребни податоци од медицински и финансов аспект, ќе биде брз, ефикасен и едноставен за користење, а истовремено ќе биде достапен до крајните корисници по прифатлива цена на чинење.

Поради тоа развојот и дизајнот е реализиран во консултација со тим од искусни фармацевти, кои повеќе години работат во приватниот сектор на ПЗУ, со цел да ги задоволи  потребите на аптеките како ПЗУ.

Имплементацијата е изведена со најновите технологии од информатичката област и гарантира сигурно и квалитетно управување со податоците, како и нивна ефикасна обработка со цел добивање на вредни извештаи од медицински, статистички и финансов аспект.

Се надеваме дека вака реализиран, Prima FARM ќе биде идеален асистент за секој фармацевт, алатка што едноставно треба да биде присутна во секоја аптека.

Официјална веб страна www.prima-pharm.net

Published in ЗДРАВСТВО
Written by
Read more...

 

Prima MEDICA е апликација прилагодена за работа во организациите од дејноста на примарната здравствена заштита. Апликативниот софтвер Prima Medica во целост ги задоволува потребите на примарната здравствена заштита што значи: водење на картотека, прием на пациенти, комплетна евиденција на извршените прегледи (анамнеза, статус по системи, дијагнози, терапии, упати ...), издавање ампуларна терапија, евиденција на закажувања, пресметка за капитација, реализација на цели, огромен број извештаи потребни пред Фондот за здравствена заштита, и многу други можности.

 

Апликацијата ги задоволува потребите за добивање на сигурна и добро управувана околина во која се овозможува пристап и пребарување на податоци во најширок можен домен, обработки кои даваат корисни информации и претставуваат основа за понатамошни обработки , статистички анализи, итн.

Изработениот кориснички интерфејс обезбедува лесна навигација низ системот, прегледност на податоците со што се обезбедува едноставна и пријатна работа на корисникот

Официјална веб страна prima-medica.com

Published in ЗДРАВСТВО
Written by
Read more...

Create by Codex computers- Kavadarci

Top Desktop version